Жител на Ниш, Србија, кому му починал дедото како последица од зараза со коронавирус, доживеал непријатност при купување на вреќата за закоп од јавното комунално претпријатие „Горица“ од Ниш. Платил за вреќата 1.250 динари, а на фискаланата сметка прочитал непријатна порака „дојдете повторно“.
„Пред два дена ми почина дедото. Вчера го погребавме. Беше позитивен на Ковид-19, па процедурите наложуваа дека мора да биде закопан во лимен ковчег, кој ќе биде уфрлен во дрвен, а пред тоа спакуван во мртовечка вреќа. Вреќата ја пупив од капелата на Клиничкиот центар во Ниш. Кога помина погребот, при прегледот на сметките ја видовме непријатноста со сметката од ’Горица’ за наводната услуга“, пишува нишлијата до редакцијата на Н1, испраќајки и фотографија од сметката.