Вучиќ: Не е важно дали разговараме со Албанците, со ЕУ или со САД – сите го сакаат истото – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 10:37 AM

Вучиќ: Не е важно дали разговараме со Албанците, со ЕУ или со САД – сите го сакаат истото

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е целосно сеедно дали се разговара со Албанците или со претставници на САД и ЕУ, кога сите мислат и сакаат исто – независно Косово во рамките што ги прокламираат Албанците. Додава и оти осум години Србија користела маневарски простор, но тој се стеснувал.

„Ако не одиме на разговори, ќе бидема изолирани и во некој момент притиснати“, рече Вучиќ, а пренесуваат српски медиуми.