Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е целосно сеедно дали се разговара со Албанците или со претставници на САД и ЕУ, кога сите мислат и сакаат исто – независно Косово во рамките што ги прокламираат Албанците. Додава и оти осум години Србија користела маневарски простор, но тој се стеснувал.
„Ако не одиме на разговори, ќе бидема изолирани и во некој момент притиснати“, рече Вучиќ, а пренесуваат српски медиуми.


