Софискиот аеродром даден под концесија на 35 години – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 10:34 AM

Софискиот аеродром даден под концесија на 35 години

Бугарското Министерство за сообраќај потпиша спогодба за концeсија на Аеродромот во главниот град Софија со конзорциум на чие чело е фондот за управување со имот „Меридиам“

.Според договрот, конзорциумот ќе управува со главното бугарско воздухопловно пристниште во наредните 35 години, соопштила Владата во Софија, а известува „Ројтерс“.

„Меридам“, кој се здружи со германскиот аеродром во Минхен како оператор за аеродромот во Софија, победи на тендерот минатиот јул, нудејќи годишен концесиски надоместок во износ од 24,5 милиони евра и вложувања од 608 милиони евра.