Медал за храброст на казахстански полицаец кој скокна од 13. кат по педофил и успеа да го фати – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 9:37 AM

Медал за храброст на казахстански полицаец кој скокна од 13. кат по педофил и успеа да го фати

Бакитзан Бакиоров (36) и неговиот партнер Мејир Несипбеј деновиве реагирале брзо на дојавата за маж кој провалил во зграда во градот Алма Ата и сексуално нападнал 15-годишно девојче.

Кога стигнале на местото на инцисентот, осомнилениот во трк скокнал низ прозорецот од 13. кат, а Бакиров по него. На полицаецот дури потоа му дошло на ум дека педофилот можеби сакал да изврши самоубиство.

За среќа на полицискиот службеник, два ката подолу имало тераса на која паднале и педофилот и тој, пишува „Дејли меил“.

Бакиров и покрај скршеното стапало, успеал да го да го задржи осомничениот. Властите поради херојскиот чин му врачија медал за храброст.

„Во главата ми беше само едно – да го фатам напаѓачот. Скокнав низ прозорецот пред да сфатам што всушност правам. Не знаев дека два ката подолу има тераса“, раскажа Бакиров, татко на две ќерки и на шест синови.

Лекарите на неговото стапало извршиле три операции и велат дека и во иднина ќе може да фаќа криминалци.

Педофилот, инаку, е обвиннет за напад на девојчето, злоставување н нејзиното четиригодишно братче и за кражба на 13.000 фунти од домот на малолетните деца. Ако биде осуден, според строгите закони на Казахстан, ќе му биде извршена хемиска кастрација.