Постигнат договор за примирје од понеделник на истокот на Украина – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/20 9:18 AM

Постигнат договор за примирје од понеделник на истокот на Украина

Украински, руски и преговарачи од ОБСЕ вчера постигнаа договор за целосен прекин на огнот од понеделник меѓу силите на украинската влада и проруските бунтовници на истокот на Украина, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

„Исчекорот е резултат на ефикасната работа на украинските претставници со помош на нашите меѓународни партнери од Берлин и од Париз“, објавија од кабинетот на Зеленски, потсетувајќи дека за целосно и сеопфатно примирје, ако и двете страни го почитуваат, предуслов е почитувањето на Договорот од Минск.

Во конфликтот на украинската војска со бунтовниците поддржани од Русија од 2014 година се убиени повеќе од 13.000 луѓе. Поголемите борби се завршени со примирјето договорено во Минск, главниот град на Белорусија, во 2015 година. Сепак, во спорадични судири сѐ уште гинат цивили, украински војници и бунтовници. Зеленски од победата на изборите лами се обидува да го реши конфликтот, а почнаа да се вршат и размени на заробеници.

Украина и Русија се во конфликт откако Москва пред шест го анектира Крим и го поддржа бунтот на истокот на Украина.