Ако во својот живот се соочувате со некакви ситуации, луѓе или услови кои прават да ви е неудобно, постојат неколку начини на кои можете тоа да го промените. Всушност, фрустрациите едноставно можете да ги претворите во сила што ќе ве придвижи напред со цел да постигнете успех, односно напредок.
Препознајте ја фрустрацијата
Во моментите кога поминувате низ одредена фрустрирачка ситуација, наместо да дозволите чувството на лутина да почне да управува со вас или да паднете во очај препознајте и идентификувате го она што ве фрустрира. Најдете го и одговорот на прашањето зошто баш тоа ви создава фрустрации, односно ве иритира?
Променете го фокусот на гледање на работите
Фрустрацијата може да биде одличен барометар или индикатор кој би укажал на тоа што всушност сакате. Ако во моментот сте во врска која ве „гуши“ или пак имате такво искуство од минатото, тоа може да биде показател каков партнер не сакате покрај себе. Доколку чувствувате дека партнерот ја уништува вашата слобода, значи дека сакате партнер што е непосесивен, што ви верува и ви дава простор да дишете. Доколку пак, ве фрустрира финансиската ситуација во која тековна се наоѓате, тоа е показател дека сакате повеќе од она што можете да си го дозволите.
Заменете ја фрустрацијата со задоволство
Сега кога знаете што сакате во својот живот, размислете како да го остварите тоа. Чувството на фрустрација може да биде голема мотивација да ја напуштите сопствената комфор зона и да почнете да работите на себе, с цел да промените нешто и животот да ви биде поубав. Ако во минатото сте направиле некоја радикална промена или ја правите во овој момент, причината веројатно е тоа што нешто ве фрустрирало (тоа може да биде прекумерна телесна тежина, сиромаштија, осаменост, врска во која се чувствувате заробено и така натаму). Кога во животот се’ е „таман“, луѓето тешко се одлучуваат за промени. Поради тоа, можеби и треба да бидете благодарни на своите фрустрации бидејќи тие може да бидат ваша сила што ќе ве придвижи напред и ќе остварите личен развој, а работите ќе се свртат во ваша корист.
Пишува: Даниела Јокиќ
Извор: krenizdravo.hr