Министерството за надворешни работи на Холандија издаде портокалово предупредување за Хрватска поради влошување на епидемиолошката состојба во таа земја зголемување на бројот на заразени од Корона, и ги советуваше своите граѓани кои поминуваат одмор во Хрватска веднаш да се вратат дома. На другите им беше препорачано да патуваат во Хрватска само доколку е потребно, пренесува Вечерњи лист.
По враќањето од Хрватска, 14-дневна изолација се препорачува за холандските туристи. Туристичките агенции сега собираат податоци за холандските туристи во Хрватска, а здружението на сектор АНВР проценува дека има над илјада. Туристите кои платиле пакет- аранжаман, ќе бидат вратени во Холандија од туристичките агенции. Холанѓаните кои пристигнале во Хрватска со своите возила се советуваат веднаш да најдат опција за безбедно враќање.
Вечерњи лист наведува дека одлуката на холандското министерство била критикувана кај граѓаните , кои се прашуваат зошто Хрватска се смета за целина, а не по региони и тврдат дека, на пример, ништо не се случува во Истра и бројот на заразени паѓа. За разлика од Хрватска, во Шпанија и Португалија, само погодените области се ставени на портокаловата листа.
Портпаролот на холандскиот Национален институт за здравство рече дека, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕДЦД), Хрватска е меѓу првите шест европски земји со најголем број заразени на 100 000 жители, и покрај падот на бројот во последните неколку дена.
Извор: telegraf.rs
Фото: mojaavantura.com


