Емоционалното изневерување е нешто за што ретко се зборува, иако е поприсутно од физичкото. Понекогаш е тешко да се направи граница помеѓу пријателството и односот што значи нешто повеќе од тоа, односно емоционална афера. Ако имате колега на работа или некоја друга личност од спротивниот пол, со која имате поблизок однос од оној со партнерот, тогаш дефинитивно сте на опасен терен. Емоционалната афера почнува со зближување со одредена личност, при што постепено се оддалечувате од партнерот со кој сте во љубовна врска. Луѓето изневеруваат емоционално несвесно, но тоа е опасно бидејќи лошо влијае на врската. Емоционалната афера е тешка за препознавање, а постојат неколку знаци кои укажуваат на неа.
Често сте во контакт со личност со која не сте во љубовна врска
Често комуницирате со таа личност, дури и кога физички не сте заедно. Се допишувате на социјалните мрежи или често си праќате смс пораки, а понекогаш и разговарате телефонски. Не можете да си го замислите денот, без да се чуете со таа личност барем еднаш.
Разговарате со таа личност за своите лични проблеми
Со таа личност ги споделувате сите свои грижи, стравови и проблеми, а понекогаш се жалите и во врска со партнерот. Се’ повеќе сте блиски со таа личност, додека се оддалечувате со онаа со која сте во врска.
Тоа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате возбудливи вести
Секогаш кога ќе доживеете нешто возбудливо, тоа е првата личност со која сакате да ги споделите новите вести. Дури и кога имате лош ден, прво ѝ се јавувате на неа, додека со партнерот се помалку разговарате за важните работи.
Поминувате многу време во друштво на таа личност
Кога не сте заедно, наоѓате изговори за да се видите. Поважно ви е времето поминато со таа личност, отколку со партнерот.
Често правите споредба
Партнерот сѐ помалку ви е драг и му се лутите бидејќи не се однесува исто како личноста со која емоционално го изневерувате. Ја идеализирате другата личност, додека сѐ повеќе ја критикувате сопствената врска.
Го криете тој однос од својот партнер
Ако го лажете партнерот, односно имате некои тајни пред него и при тоа, го криете блискиот однос со другата личност, веќе сте се впуштиле во изневерување. Доколку ги бришете смс пораките за да не знае нешто партнерот, тоа е знак за вашето емционално изневерување.
Извор: zena.rtl.hr