Што кога работите ќе тргнат наопаку: Како да се справиме со лошиот ден? – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 9:33 PM

Што кога работите ќе тргнат наопаку: Како да се справиме со лошиот ден?

Некои денови едноставно се такви – ако постои и најмала шанса нешто да тргне наопаку, тоа и ќе се случи. Понекогаш не се чувствуваме најдобро, уморни сме и додека физички сме на работа со мислите веќе сме дома. Сепак, тогаш нешто може да тргне наопаку, да ни создаде нервоза или да треба да останеме на работа подолго од вообичаено.

Секој од нас има спомени за такви денови. Можеби е најдобро да се помириме со фактот дека тие и понатаму ќе постојат. Тоа не можеме да го избегнеме, но може да одлучиме како ќе реагираме на нив. Наместо да бидеме лути, изненадени и фрустрирани , можеме да се прилагодиме на новонастанатата ситуација.

Задржете си ја смислата за хумор, не сфаќајте ја ситуацијата премногу сериозно за да го извлечете од неа најдоброто што можете. Бидете мирни и стабилни, наместо да ги обвинувате сите за лошиот ден. На крајот на краиштата, од него може да се извлече и некаква поука, а тоа не смее да се потценува.

 

Извор: prakticanzivot.com