Со домашните платежни картички потрошени 17,7 милиони евра, најмногу во маркетите – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 7:45 PM

Со домашните платежни картички потрошени 17,7 милиони евра, најмногу во маркетите

Со домашните платежни картички што ги добија над 276 илјади граѓани, заклучно со 18 јули се направени над 1,2 милиони транскации, од кои најголем дел се во маркети (89%), ресторани и храна (5%) и за текстил, облека и обувки (3%), објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18 јули e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.
– Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачкаги поддржува домашните производители и услужни дејностипридонесува за раздвижување на економската активностпридонесува за безготовинско плаќање, пишува Ангеловска, појаснувајќи дека банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.
Во меѓувреме, како што посочи, се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.