Кевин Гарнет е заинтересиран за купуање на Минесота Тимберволвс – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/20 6:14 PM

Кевин Гарнет е заинтересиран за купуање на Минесота Тимберволвс

НБА легендата на Минесота Тимберволвс и Бостон Селтикс, Кевин Гарнет, сериозно е заинтересиран за купување на некогашниот негов тим Минесота Тимберволвс, од актуелниот сопственик Глен Тејлор.

Според Шамс Шараниа, еден од поверодостојните кошаркарски новинари во САД, Тејлор потврдил дека постои интерес од повеќе страни и дека тој ги зема предвид сите опции.

За Гарнет, ова не претставува само бизнис, бидејќи тој практично во Минесота и во целата организација има легендарен статус и навивачите и градот го обожаваат. „Хол оф фејмерот“ 15 пати беше „Ол Стар играч“ и 12 сезони од кариерата помина со „волците“.