Суштината на секоја здравствена состојба лежи во свеста кај луѓето за промените во организмот. Сепак, понекогаш се случува промените да ги воочиме многу доцна, без да сфатиме дека веќе извесно време имаме некој проблем за кој до неодамна не сме ни биле свесни. Тогаш веќе може да биде доцна за лекување на последиците, затоа е исклучително важно редовно да ја контролираме нашата здравствена состојба.
Што е тоа што треба да го знаете кога станува збор за оралното здравје, но и на кои проблеми да обрнете поголемо внимание, прочитајте во продолжение.
Лош здив
Нема човек кој може да се почувствува неудобно кога ќе сфати дека некој реагира на неговиот лош здив. Тој може да биде симптом за одредени болести, или пак за невнимание кон сопственото здравје. Големиот проблем „доаѓа на сцена“ тогаш кога луѓето целосно го занемаруваат своето орално здравје. Лошиот здив не мора да биде по дифолт поврзан со одредени здравствени проблеми, но сепак не треба да се занемари како симптом.
Промена на бојата на забите
Она што можеби би требало да ве загрижи е промената на бојата на забите, иако некогаш тоа може да биде последица на прекумерно консумирање кафе, алкохол, или пушење цигари. Сепак, може да биде и индикатор за кариес или парадентоза. Како и да е, доколу забележите дека имате промена во бојата, веднаш консултирајте се со вашиот стоматолог, кој би можел да констатира дали се работи за некаква болест или оштетување.
Наслаги на забите
Наслагите на забите настануваат поради храната која се таложи на нив, што значи дека ако не ги миете редовно, можна е појава на забен камен.
Крварење на непцата
Крвавите непца може да ви дадат знак дека нешто не е во ред. Ретко кога крвта на непцата е само случајна. Ако во текот на миењето на забите воочите крв, посетете го вашиот стоматолог. Крварењето на непцата може да укажува на рана фана на парадентоза која лесно се лекува, но доколку се работи за понапредна фаза значи дека проблемот е поголем, па дури и губењето на забите може да биде извесно.
Скршен заб
Еден од симптомите кој укажува на болест или оштетување е проблемот со кршењето на забите. Тоа се јавува кога има целосно оштетување на забната пулпа (позната како „нерв“ на забот), но сепак до кршење може да дојде и при некаков удар.
Што кога ќе се скрши забот?
Скршениот заб може да се надомести на повеќе начини, а современата стоматологија овозможува овој проблем да не е толку голем како што бил порано. Стоматологијата напредуваше, така што денес со помош на импланти може да се надомести и цела вилица. Имплантот можеби е и најдобро решение, бидејќи со него компликациите се сведени на минимум, но додека тој да се „прилагоди“ на вилицата може да ви биде неудобно. Како и да е, ова е еден комплексен стоматолошки потфат, но се смета дека со него се поместени границите во самата стоматологија.
Извор: krenizdravo.hr