Дали се однесуваме рамноправно со претпоставените, раководните лица во компанијата, колегите и останатиот персонал кој е на пониска работна позиција од нас? Дали сме подеднакво срдечни, љубезни и насмеани?
Начинот на кој постапуваме со подредените вработени во голема мерка ја покажува нашата вистинска личност. Во некои колективи (особено при вработување) се посветува внимание на ова, за што вработените обично не се свесни. Со проценка на квалитетот на нашата интеракција со помошниот персонал, работодавачот може да добие појасна идеја за тоа како се однесуваме кон луѓето воопшто, какви вредности негуваме и практикуваме.
Повеќето од нас ќе вложат дополнителен труд во интеракцијата со менаџерот за вработување или со некоја друга „важна“ личност, а однесувањето кон останатите вработени може да биде сосема различно. Ваквите однесувања честопати излегуваат на виделина во полуформални ситуации, како што е деловниот ручек.
Ако различно се однесуваме кон „неважните“ луѓе во нашето опкружување – имаме проблем и треба да размислиме за промена.Почетниците треба да се запрашаат: „Зошто го правам ова?“ Кои се моите верувања зад ова? Дали таквото однесување е етичко“.
Нашата интеракција со вработените од пониско ниво или луѓето во деловното и приватното опкружување и таа во однос на „значајните“ и „важни“ луѓе кажува многу за нас.
Извор: prakticanzivot.com


