Седумнаестта сезона на „Вовед во анатомија“ ќе биде во фокусот на коронавирусот. Земајќи го во предвид фактот дека вирусот е во центарот на медицинскиот свет изминатите шест месеци, извршниот продуцент на серијата, Криста Верноф смета дека нема друга опција освен фокусирањето на коронавирусот.
— Не може да биде долгогодишна медицинска серија, а да не ја вклучите медицинската приказна на нашето време , смета Верноф.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата, актерската екипа треба да биде навистина подготвена, па затоа авторите разговараат со доктори кои се справуваат со коронавирусот и го следат начинот на кој тие работат во овој период.
– Секоја година доаѓаат доктори и ни ги кажуваат нивните приказни, најчесто тие ги кажуваат нивните најсмешни или најлуди приказни. Оваа година тоа повеќе звучи како терапија. Докторите доаѓаат и ние сме луѓето на кои тие им зборуваат за своите искуства. Тие буквално се тресат и се воздржуваат да не заплачат, бледи се и зборуваат за ситуацијата како за војна – војна за која не биле обучени , изјави Верноф на панел на Телевизиска академија.
Таа вели дека серијата има шанса и одговорнос да раскаже некоја од приказните, и се надева дека иако станува збор за пандемија која се случува во вистинскиот живот, ќе успеат да ја задржат романсата и хуморот, кои се одлика на серијата додека раскажуваат навистина болни приказни.
извор: bustle.com


