За љубителите на риба, за вашето мени ви предлагаме плескавици со лосос и компири.
Еве го начинот на приготовка:
– Компирите се ставаат во поголем сад со вода да се варат околу 15 мин или додека омекнат, во меѓувреме лососот се посолува и се пржи по околу три минути од двете страни, а потоа се дроби со вилушка.
-Кога компирите ќе се сварат, се оставаат да се изладат а потоа се прави пире.-Во садот со пирето од компири се додава лососот, едно изматено јајце, ситно исецкан кромид, брашно, копар, кари и малку сол.
-Се добро се меша и од смесата се прават помали плескавици. Така направените плескавици се „валкаат“ во лебни трошки и се пржат во тава со масло. Се послужуваат со салата од домати краставици.
извор: https://moirecepti.mk/


