Традиционалната и модерна музика за прв пат се споија во 2007 година во битолската чаршија, на првиот „Локум фест“ , а годинава после 12 години за прв пат ќе се одржи надвор од чаршијата.
„Локум фест“ -музика и традиција е единствен ваков фестивал во земјава , кој ги спојува традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно -фјужн, world music, сефардска музика и креативните индустрии од регионот- Саем на ракотоворци,промовирање на живото културно наследство и развојот а културниот туризам.
Оваа година на фестивалот ќе настапат препознатливите етногрупи од земјата, со нивните нови музички промоции „Чалгија саунд систем“, „Балкава”, а за затворањето на фестивалот е предвиден настапот на групата „Љубојна”.
Бројот на влезници е ограничен по цена од 100 денари, а носењето на маски е задолжително.

Во изминатите дванаесет години на „Локум фест“ настапиле преку шеесет анасамбли од дваесетина земји од регионот и светот.


