Вчера, во периодот од 17.00 до 17.40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај лицето Е.И. (29) од Гостивар.
При претресот, била пронајдена марихуана, дигитална вага и метална дробилица.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.