На профилот на композиторот Хари Котларовски, споделено е видео каде се прави споредба на песната на Ava Max насловена како „Kings & Queens“ објавена во месец март 2020 година и песната „За последен пат“ отпеана од Елена Петреска во 2003 година на Скопскиот фестивал , на која како композитор се потпишува токму Хари Котларовски.
За изјава го контактиравме и компизиторот Котларовски, кој за MMS.MK раскажа дека видеото кое го споделил на Фејсбук е видео кое му го пратил негов пријател. Тој засега не сакаше да ја коментира оваа ситуација и вели дека прво сака да се консултира со надлежните институции во овој случај ЗАМП, бидејќи песната „За последен пат“ е заштитена од ЗАМП, изјави Котларовски.
Додека ЗАМП не каже за што станува збор, слушнете која е подобра, Елена или Ава