Американските власти издадоа наредба за затворање на Генералниот конзулат на Кина во Хјустон, пренесува aгенцијаta Анадолија.
По дојавата дека пред зградата на Конзулатот се уништени некои документи, Соединетите Американски Држави наредија затворање на кинеската дипломатска мисија во Хјустон, во сојузната држава Тексас.
Како што наведуваат локалните медиуми, по дојава на очевидци дека пред зградата на Конзулатот во отворени кутии запалени се некои документи, на местото на настанот пристигнале полициски тимови и пожарникари.
Полициски претставници изјавија дека тимовите, кои не можеле да влезат во зградата, наредиле Генералниот конзулат да биде евакуиран до 16 часот на 24 јули.
Кина одлуката за евакуација ја опиша како провокација, истакнувајќи дека таквата постапка е во спротивност со меѓународното право.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин, изјави дека САД со оваа одлука за еднострано затворање на кинескиот Генерален конзулат во Хјустон, дополнително ги зголемува тензиите со Кина.
Венбин порача дека неговата земја ќе мора да преземе контрамерки доколку САД не ја повлечат оваа одлука.