Најновите анализи од Центарот за јавно здравје Кавадарци денеска покажаа дека водата водата од Тиквешко Езеро може да се користи за капење, рекреација, наводнување, риболов и за напојување добиток.
Специјалистот по хигиена во кавадаречкиот центар за јавно здравје, д-р Трајче Ризов објаснува дека бактериолошки водата спаѓа во прва и втора категорија, а според заматеност и заситеност со кислород во четврта.
Оваа информација е добредојдена за големиот број граѓани кои летниот одмор го минуваат на Тиквешко Езеро и често се разладуваат во неговите води.
За капење, рекреација, наводнување и риболов може да се користи и водата од реката Вардар кај Неготино, покажала најновата анализа на примероци од водата на мерното место кај Пепелишкиот мост.
Ангел Данов