Рекордот од 3.777 истрелани гранати врз Сараево во еден ден е регистриран на 22 јули 1993 година. Гранатите направија огромна штета, а за време на опсадата на градот просечно дневно Сараево беше погодувано со по 329 гранати, пишуваат босански медиуми.
Во текот на опсадата на Сараево, која траеше четири ходини, на ридиштата и планините над градот беа стационирани 120 минофрлачи и 250 тенкови на ЈНА, кои потоа паднаа во рацете на војската на Република Српска. Во текот на опсадата на Сараево загинаа 12.000 луѓе, меѓу кои и 1.500 деца, а 50.000 луѓе беа полесно или потешко ранети и повредени, пишува „Ослобоџење“.