Астмата е хронична болест на дишните патишта карактеристична по нападите на диспнеја( отежнато дишење) кои се пратени со отежнато дишење, “шуштење” во градите, кашлање, искашлување, болка и стегање во градниот кош. Астмата настанува поради грчење и воспаление на бронхијалните цевчиња, кое може да биде предизвикано од настинка, стрес, аерозагаденост и респираторни алергенти( полен, прашина,…)
Зголемената употреба на одредени намирници може да ја намали осетливоста на бронхијалните цевчиња и на склоноста на асма.
ЗА ПРЕВЕНТИВА И ЗА ЛЕКУВАЊЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВНЕСОТ НА :
– КРОМИД, тој е бронходилататор( ги опушта дишните патишта) и антиспазматик(ја опушта слузокожата на бронхијалните цевчиња), со тоа може да се спречат или да се олеснат астматичните напади.
– ПОРТОКАЛ, има антиалергенско дејство при што може делумно да го неутрализира дејствувањето на хистамините (многу распространета материја која се наоѓа во растителниот и животинскиот свет).
– РЕН, сулфурната есенција на ренот ги прочистува и ги зајакнува бронхијалните цевчиња, при што штити од астматични напади.
– МАСЛА, маслата богати со полинезаситени масни киселини кои за разлика од заситените масла ја смалуваат негативната реакција на бронхиите на алергени кои предизвикуваат астма. Овие масла содржат и антиоксидантен витамин Е.
– МЕД, обично содржи мало количество на полен кој може да делува како вакцина против поленот од природна средина ( предизвикувач на астма).
– ЗЕЛЕНЧУК, зелениот лиснат зеленчук ( спанаќ, блитва) и портокаловоцрвениот зеленчук се добар извор на бета- каротин и на други каретеноиди кои ја зајакнуваат отпорноста на келиите на бронхијалните цевчиња кои предизвикуваат астма.
– МАГНЕЗИУМ, недостатокот на овој минерал доведува до згрчување на мускулите , вклучувајки ги и мускулите на бронхијалните цевчиња, што ја влошува астмата. Мешунките и зеленчукот се извор на магнезиум.
– ВИТАМИН Б, сите витамини на Б групата, нарочно витаминот Б6 , можат да ја намалат осетливоста на бронхиите на физичките или хемиските фактори, кои можат да предизвикаат астма.
– АНТИОКСИДАНТИ, најефикасни антиоксиданти се провитаминот А ( се наоѓа во зеленчукот и во овошјето со портокалова боја), витаминот Ц ( во цитрусите и во други плодови), и витаминот Е( во орашестите плодови, семките и во растителните масла). Овие антиоксиданти ја подобруваат способноста на бронхиите да се спротистават на слободните радикали од загадената околина , односно на воспалителниот процес.
ЗА ПРЕВЕНТИВА И ЗА ЛЕЧЕЊЕ ДА СЕ НАМАЛИ ВНЕСОТ НА :
– СОЛИ, докажано е дека премногу внес на сол во исхраната кај астматичарите го отежнува дишењето и го зголемува ризикот од астматичен напад. Исхраната сиромашна со натриум и со сол ја ублажува астмата и ја намалува потребата од лекови.
– АДИТИВИ, бројните адитиви предизвикуваат алергиски реакции и астматични напади. Некои од нив се: мононатриум глутаминат, заштитните сретства за производство на сушено овошје и на вино- сулфати, натриум-нитрити и нитрати- се користат за произведување на конзервирани производи( шунки, меса, кобасици), вештачките бои- сите се опасни за астматичарите нарочно Е 102 ( татразин или жолта боја бр. 5) и Е 110 ( жолта боја бр.6)
– ВИНО, постојат бројни адитиви кои можат да предизвикаат астма, а некои од нив се сулфати кои обично се додаваат во виното.
– ПИВО, може да предизвика астматични напади бидејки содржи пивски јачмен и адитиви кои се користат во производството.
– РИБА, таа предизвикува различни алергиски реакции, нарочно доколку не е свежа или ако не е складирана на соодветен начин.
– ШКОЛКИ, тие чести предизвикатели на алергиски реакции, можат да развијат астма или да ја влошат астмата.
– ЈАЈЦА, нарочно жолчката од јајцето најчесто предизвикува алергиска реакција, посебно кај децата. Јајцата треба да ги избегнуваат нарочно астматичарите.