Како да се заштедат пари и да се елиминираат непотребните трошоци? Оваа тема им е преокупација на многумина, особено во последните месеци со пандемијата. Независно дали сакате да заштедите пари за да отплатите некаков долг или пак, да имате доволно средства за итни случаи, постојат едноставни трикови со кои ќе ја наполните својата „касичка“. Овие трикови ги објави порталот Careera Contessa.
Триесетдневен предизвик
Во период од еден месец трошете ги парите само на она што ви е неопходно, како храна, евентуално ќирија и покривање на режиските трошоци. Бидете одговорни и поттикнете го семејството да ви се придружи.
Гответе
Готвењето е можеби една од навиките кои најтешко се стекнуваат. Премногу се навикнавме на нарачување храна и на користењето на услугата за достава. Во текот на триесетдневниот предизвик почнете да експериментирате со нови рецепти или почнете кулинарски предизвик со луѓето со кои сте под ист покрив. Ќе заштедите многу и доколку на работа носите ручек кој претходно сте го подготвиле дома, наместо да нарачате нешто од угостителските објекти во близина.
Договорете се сами со себе дека ќе штедите
Дури и да ви е мала платата, можете да се потрудите да заштедите одредена сума. Почнете со мали износи, како на пример 50 или 100 денари и тргнете ги на страна веднаш откако ќе добиете плата. Можеби ви се чини дека ова е малку, но ќе ви биде од помош ако се појават неочекувани трошоци.
Купувајте попаметно
Ако сте се откажале од нарачувањето храна, факт е дека ќе мора да почнете да купувате повеќе намирници. Следете ги акциите со попусти во маркетите. Не мора да купувате храна во некои специјализирани продавници, бидејќи во големите маркети има повеќе избор. За да го купите само она што ви е потребно, направете попис на намирниците пред да тргнете на пазарење.
Запишете пред да купите нешто
Како што веќе е наведено, ако нешто сакате да купите, запишете го тоа. Независно дали се работи за облека, предмети или храна, запишете го тоа и почекајте неколку денови пред да одлучите дали наведеното вистински ви е потребно, или пак само ви се допаѓа. Ваквиот трик може да ви помогне да не купувате импулсивно. Ако и после една седмица се уште размислувате за производот и сметате дека не можете без него, купете го.
Отплатете го долгот
Иако на прв поглед можеби ви изгледа дека се работи за голема парична сума, отплатата на долгот ќе ви заштеди пари на долг рок. Доколку плаќате на рати, но со камата, ќе заштедите на краток рок. Отплаќањето на долгот наеднаш, сепак ќе ви овозможи подобра заштеда.
Искористете ги книжевниот фонд во библиотеката
Ако за време на карантинот сте читале повеќе одошто претходно, веројатно сте потрошиле многу пари на книги. Оттука, не треба да заборавите на локалната библиотека. Истовремено може и да штедите, но и да ги читате книгите што ви се допаѓаат.
Извор: womeninadria.com