Франција нема да забрани инвестиции од Huawei – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 4:51 PM

Франција нема да забрани инвестиции од Huawei

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Маире изјави дека Франција нема да забрани на кинеската компанија Huawei  да инвестира во таа земја, за разлика од Велика Британија, која одлучи да ја тргне опремата од таа компанија од својата 5G мрежа до 2027 година.

Ле Маире за France info  го осуди наводното кршење на човекови права од страна на Кина кон малцинството на муслимански жители во државата.

Американскиот државен сектретар Мајк Помпео најави минатата недела нови мерки против Кина, наведувајќи дека САД ќе воведат важни ограничувања кон кинеските компании како Huawei , кои ги окривуваат да помагаат во кршењето на човековите права.

Америчката федерална комисија за комуникација ( FCC) службено на почетокот на месецот ги прогласи кинеските компании Huawei i ZTE за „закана за национална сигурност“ .

 

извор :http://balkans.aljazeera.net/