Само 12 недели пасивно истегнување може да помогне на кардиоваскуларниот систем и да го подобри протокот на крв, покажа новото италијанско истражување.
Истражувачите од универзитот во Милано го правеле испитувањето на 39 здрави мажи и жени, поделени во две групи.
Едната група имала задача да ги истегнува нозете пет пати неделно во периодот од 12 недели, додека другата група имала тренинг со истегнување.
Заклучокот е дека кај луѓето кои практикували пасивно истегнување е зголемен протокот на крв во артериите, а намалена артериска крутост.
„ Крвниот притисок е намален, крутоста на централната и периферна артерија исто така, а кардиоваскуларната функција е зголемена после 12 недели пасивен тренинг на истегнување“ , пишуваат авторите на студијата.
Пасивното истегнување се изведува со помош на партнер или друго помошно средство. Истегнување со партнер обично се користи за истегнување на долниот дел на грбот и задна ложа потколеница.
Истражувачите велат дека тоа би можело да има влијание на болести кои вклучуваат промена во протокот на крв, како што се срцев и мозочен удар.
„ Видливи се промените на кардиоваскуларните функции со едноставно пасивно истегнување“ , вели доктор Џонатан Мејерс, научник во областа на здравствено истражување и директор на лабораторија за истражување на вежби во Калифорнија
„ Позитивните промени во функциите на истегнување не беа толку многу големи како оние со кои се постигнуваат со аеробно вежбање, но пасивното истегнување може да го дополни аеробикот “, додава доктор Мејерс
извор : still.kurir.rs


