Борис Џонсон го покажа синот- Тргнаа озборувањата дека тоа не е нивно дете – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 2:43 PM

Борис Џонсон го покажа синот- Тргнаа озборувањата дека тоа не е нивно дете

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс ја објавија првата заедничка фотографија со нивниот син Вилфред, кој е роден на 29 април.

Преку апликацијата Зум, Џонсон и Симондс разговарале со акушерките во Универзитетската болница кои присуствуваа на породувањето на свршеницата на премиерот и им се заблагодарија.

Сепак, многу луѓе забележале нешто друго, а тоа е дека малиот Вилфред изгледа многу постаро. Некои тврдат дека момчето изгледа како едногодишно, а не како бебе кое не е ни три месеци. Исто така, некои велат дека бебето „има повеќе коса отколку татко“, па така се појавиле и различни теории, пренесува Кориере дела Сера.

Една теорија е дека ова не е нивно дете затоа што тоа дете не постои. Втората е дека момчето е родено многу порано отколку што беше објавено, односно дека веста се чувала во тајност затоа што Џонсон сè уште не е разведен од својата законска сопруга.

Теоријата за неговото раѓање имаше и порано, бидејќи парот најави раѓање на детето за почетокот на летото, но бебето одеднаш дојде во април. Кориере дела сера пишува дека е можно дека станува збор за предвремено раѓање, но на сликата детето изгледа прилично крупно.Теоретичарите отидоа дотаму што дури и анализираа што може да се види на компјутерскиот екран, и тврдат дека целата фотографија е всушност лажирана.

Извор: telegraf.rs