(Видео) Го бутнале од инвалидската количка и го тепале, нова бруталност на полицијата во Америка – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 2:04 PM

(Видео) Го бутнале од инвалидската количка и го тепале, нова бруталност на полицијата во Америка

Полицијата во Лос Анџелес го испитува инцидентот за време на протестот во тој град кога бил уапсен маж во инвалидска количка. Како што се гледа во видеото, полицијата го нокаутирала афроамериканецот Џошуа Вилсон од инвалидската количка и продолжила да го турка и влече. Кога мажот се обидел да се повлече кон инвалидската количка, еден член на безбедносните сили ги бутнал накај улицата, додека сите околу нив викале и протестирале.

Исто така, може да се види дека инвалидската количка е значително оштетена, а едно тркало паднало. Вилсон бил уапсен и ослободен два дена подоцна со кауција од 35.000 американски долари.

Полицијата соопшти дека ги испитува снимките од инцидентот.

Полицијата, наводно, била на местото на настанот поради кавга меѓу маж и две жени, за кои тие рекоа дека биле „среде ментална криза“ кога група од околу 50 демонстранти ги опколила и почнала да вика: „Пуштете ги“.

Наводно Вилсон удрил полицаец во глава, а официјалните лица велат дека во ранецот му нашле и оружје.

Извор: srbijadanas.com/