Неодамна, светот беше шокиран од веста дека Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоубил во својата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата е пронајден со прострелна рана во градите. Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но дека некои околности не се јасни.
Целиот случај беше целосно расветлен седум дена подоцна.
Синот на Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Пресли, која се омажи за музичарот Дани Кио, а со кого ја има и ќерката Рајли, се самоубил на роденденската забава на неговата девојка Дајана Пинто и зетот Бен Смит-Петерсон.
Според порталот DailyMail.com, соседите на потомците на Елвис слушнале жена како врескала во раните утрински часови (околу 3:30 часот) на 12 јули, за која се верува дека е Пинто:
„Немој тоа да го направиш!“
Полицијата пристигнала околу шест часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Како што ексклузивно открива DailyMail.com, Бенџамин се заклучил во една од трите купатила и се застрелал во главата. Во шокантен пресврт на настаните, полицијата во Лос Анџелес открила дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и пукал, така што тој се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било запишано во извештајот. Она што е можеби уште пошокантно е дека местото каде што Бенџамин се самоубил беше тоалет, истото место каде неговиот славен дедо беше пронајден мртов во 1977 година.
Останува непознато дали со самоубиство во тоалетот, Бенџамин некако сакаше да потсети на неговиот дедо, особено со оглед дека Лиза Мери, неговата мајка, секогаш ја потенцираше сличноста меѓу двајцата, а не само физичката. Понатаму, DailyMail.com наведува дека соседите по убиството и по пристигнувањето на полицијата ја слушнале Пинто како разговарала со еден од полицајците и рекла дека се плаши дека семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и ќе ја обвинат за неговата смрт. Тоа, се разбира, не се случи, а Пинто беше видена неколку дена подоцна како таа и мајката на Бенџамин го напуштиле хотелот во Беверли Хилс, каде престојувала Лиза Мери, држејќи се за рака. Девојката, која очигледно знае што точно се случило со Бенџамин, се збогува со момчето со кое помина четири години во врска. Меѓу другото се прости со зборовите: „Не можам да го замислам мојот живот без тебе“.
Извор: mondo.rs