Напуштените кучиња често знаат и да им „отчитаат лекција“ на луѓето, каков што е примерот со белиот пулин, бездомно куче од Сивец, кај Кула, Србија, кое покажа дека е поголем човек од некои луѓе, пренесуваат српски медиуми.
Кучето деновиве пронашло и сочувало паричник со лични документи и нешто пари. Паричникот го носел во забите, но ни малку не го оштетил, пишува „Новости“.
Паричникот го изгубил Александар Ковач, млад заварувач вработен во Бачка Топола, кој исчезнувањето го забележал дури следното утро, кога тргнал на работа.
„Претходната вечер околу 22 часот отидов во продавницата, пазарев и се вратив дома. Дури утрото забележав дека накаде сум го изгубил паричникот. Бев очаен зашто во него ми беа сите можни документи – лична карта, здрвствена книшка, возачка дозвола, платежна картичка…“, раскажува Алекандар.
Но, разочарувањето траело кратко. Пред вратата го дочекал синот на соседот, кој на Алексадар му рекол дека кучето со паричникот во забите било кај куќата, детето му го зело и по докуметите видело кому му припаѓа паричникот. Алекксанар го почестил детето со 1.000 динари, колу што имало во паричникот, а веројатно би требало да следува некаква награда и за кучето.