По појавата на заболени од Ковид-19 во Домот за стари лица во Радовиш, Комисијата за заразни болести одлучи да го стави во карантин.
-Во помош на станарите и персоналот ќе пристапат вработените од Здравствениот дом од Радовиш, изјави за Канал 77 д-р Владимир Милошев, државен секретар во Министерството за здравство.
Според вчерашните податоци, потврдени се десет случаи на позитивни на корона вирусот во Домот, од кои седум се штитеници, додека тројца се од персоналот. Тројца се веќе хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.


