Зоне и Астра имаат дијабетис, ако не се лекуваат ќе умрат – Низ солзи апелира обвинителката Ленче Ристоска да ги вратат двете слепи хаски што ноќеска и ги украле – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 11:10 AM

Зоне и Астра имаат дијабетис, ако не се лекуваат ќе умрат – Низ солзи апелира обвинителката Ленче Ристоска да ги вратат двете слепи хаски што ноќеска и ги украле

„Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл кутрињата Астра и Зоне, тоа се две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи. Ова го напиша обвинителката Ленче Ристеска на својот профил на Фејсбук и упати апел до сите добронамерни луге и љубители на животните да им помогнат да ги најдат.

Ја контактиравме обвинителката, која низ солзи и видно потресена ни објасни зошто тој што ги украл треба да итно ги врати, дома кај нив, во нивното семејство и кај нивната мајка Фиона.

-Многу сме загрижени и вознемитрени и затоа решив да упатам апел на Фејсбук за да може да ни помогнат да ги најдеме нашите две девојчиња. Напишав и сега пак ке повторам дека тие што ги украле нема потреба да се плашат, нема да покренуваме никакви постапки против нив, само да ни ги вратат, бидејки ако не се лекуваат тие ќе умрат, вели низ солзи Ристоска.

Кражбата на  двете миленичиња Зоне и Астра се случила ноќеска, а бидејки таа е во Скопје ја информирал брат и Љупчо, кој се грижи за нив во ниваната семејна куќа во тетовското село Лешок.

– Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство осум години и со помош на добри луѓе и љубители на миленичиња се надеваме дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Тие се мирољубиви и бидејки се слепи, се удираат едно од друго не одат никаде. Се потресов утрово кога ми се јави брат ми. Вели- ни ги украле девојкиве. Шок доживеав. На никој не се сомневаме. Нашата куќа е до патот и често пати кој и да помине го поздравуваат, ги галат. Многу се мили. Пред околу три месеци доживеавме прв шок кога им ги открија здравствените проблеми. На двете им дијагнистицираа дијабетис и само што успеавме да ги стабилизираме за да можат да оздрават еве што се случи. Три месеци се на специјална храна. Сите дневни навики ги адаптиравме на нивната состојба, така како што не советуваа ветеринарите. Живнаа, им се врати енергијата. Навистина треба многу да се внимава како се хранат, за да можат нормално да живеат. Затоа стравот ни е уште поголем, бидејки не веруваме дека тој што ги украл така ќе се грижи за нив, вели Ристоска и додава:

„Па осум години се со нас, не се од вчера. Сите ги знаат. Можеби некој поминал и ги видел. Некој кој очигледно знаел каде спијат, оти тие се зад куќа и ја кренале жицата од оградата за да влезат. Ние имаме три хаски, мајката нивна не е слепа и таа веројатно им избегала ама овие двете се слепи и верувам дека не ни препознале дека тие што им пришле не сме ние. Навистина буквално се удираат во било каква препрека, воопшто не гледаат. Имаат катаракта која им се појави како последица од дијабетисот. Сега требаше да ги стабилизираме со здравјето па да видиме може ли да им се направи операција на очињата. Ние сме уште повеќе уплашени бидејки секој стрес може да доведе до влошување на нивната здравтвената состојба“, додава обвинителката.

Ленче вели дека ниту ќе се води постапка притив нив, ниту, пак, и да знаат кој ги украл нема ништо да речат, само да се вратат кучињата кај нив за да можат да продолжат да ги лечат.

-Со болеста што ја имаат тие буквално се како со специјални потреби, бидејки џабе што ги земале, ако не ги лечат, а верувам дека нема, тие набргу ќе умрат. Верувам дека некој кој ги земал од други причини, не верувам дека е од толку голема љубов кон животните. Не верувам и дека некој ги земал за да ги лекува, бидејќи тие се на диета и терапија која воопшто не е евтина. Тие и не можат да се парат поради болеста, неколку ветеринари ни го утврдиле тоа. Знам дека не можат сите да ме разберат за ова што го кажувам ама навистина уште еднаш апелирам да ни ги вратат. Пак ке повторам, нема да водиме никакви постапки само да ни ги вратат да продолжиме да ги лечиме. Нема ни да ги пријавиме во полиција. Не мора ниту да се кријат или да кажуваат изговори, само да ни ги вратат. Ако не примаат инсулин нема да издржат уште долго. Џабе се земени. За нас не се само миленичиња, туку дел од семејство. Еве ќе апелирам и до сите ветеринари, бидејки кутрињата се чипирани, ако им  донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите и да не информираат, додава тажно обвинителката.

Весна Миленковска