Бугарската Влада пред малку го преживеа гласањето за недоверба во бугарскиот парламент што го бараа опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не успела да се справи со ендемската корупција.
Против изгласување недоверба беа 124 од вкупно 240 пратеници, а “за“ гласаа 102, пренесува „Ројтерс“. Агенцијата наведува и оти речиси две седмици илјадници Бугари протстираат против Вадата на Бојко Борисов поради корупција.
На вчерашната дебата не присуствуваше премиерот Бојко Борисов, кој беше во Брисел на Самитот на европските лидери. Немаше ниту двајца од тројцата министри чии оставки ги побара премиерот. Борисов не беше присутен ни на денешното гласање.
Двете вонредни седници на Националното собрание се одвиваа во екот постојаните антивладини протести, на кои граѓаните повеќе од десет дена бараат оставка на целиот кабинет.


