Прво оставаш телефонски број, па влегуваш в црква: Нови корона-мерки во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 9:40 AM

Прво оставаш телефонски број, па влегуваш в црква: Нови корона-мерки во Словенија

Верниците во Словенија од денеска при влегување во црква пред богослужба прво ќе мора да остават лист со својот телефонски број, но без име, презиме и адреса, пишува во новата црковна препорака во согласност со здравстевените власти во таа замја заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Мерката ќе се применува само за свечените миси во неделите и на празниците зашто во останатите денови од седмицата во црквите има малку верници. Податоците со бровите на телефоните мора да се чуваат 30 дена, а во случај на зараза или епидемија треба да им се предадат на надлежните служби за да ги утврдат контактите со заразените.