Четири нови случаи на коронавирус во Тиквешијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/20 8:23 AM

Четири нови случаи на коронавирус во Тиквешијата

Продолжува да расте бројот на новозаболени од Ковид 19 во Тиквешијата. Денеска во Кавадарци се дијагностицирани три нови случаи, а во Неготино еден, потврдија од Центарот за јавно здравје.

„Во Кавадарци позитивни се момче на 19-годишна возраст, кое е на домашно лекување, 52-годишна жена и маж на 53-годишна возраст, кој е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница. Во Неготино позитивна на вирусот е жена на 39-годишна возраст“, информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Се работи на утврдување на контактите кои ги имале новодијагностицираните.  Деветнаесетгодишното момче е најмладиот регистриран со корон вирус во Тиквшијата.

 

Ангел Данов