Денес децата се во катастрофална емоционална состоба, до која доведува нашиот модерен стил на живот. И покрај нашите најдобри намери, за жал, мозокот на децата го насочуваме во погрешен правец – тврди Викторија Прудеј, магистер на Медицинскиот факултет во Торонто. Таа наведува пет причини зошто се случува тоа: децата добиваат се’ што ќе посакаат и не поднесуваат кога некој ќе им каже „не“, имаат многу ограничена социјална интеракција, создавање забавен свет во кој не постои простор да им биде здодевно, претерано користење на технологијата и петтата причина е тоа што без престан им го даваме тоа што го сакаат (ако не сакаат овошје ќе им подготвиме нешто друго, само за да јадат).
Можете да направите разлика во животот на вашето дете вежбајќи го неговиот мозок, така што тоа би можело да функционира успешно на социјално, емоционално и подоцна, на академско ниво
Не плашете се да поставите граници
На детето му требаат граници за да биде среќно и здраво. Направете временски распоред за оброк, спиење и за користење на технологијата. Размислувајте за тоа што е добро за него. На децата им е потребен појадок и квалитетна храна воопшто. Треба исто така, да поминувате некое време надвор и да го однесете на спиење во исто време.
Ограничете го користењето на технологијата и поврзете се емоционално со детето
Изненадете го со цвеќе, скокоткајте го, напишете му некоја порака полна љубов и ставете ја под неговата перница. Танцувајте заедно или „тепајте“ се со перници. Организирајте семејни вечери, играјте социјални игри и возете велосипед заедно.
Вежбајте одложување на задоволувањето на неговите потреби
Оставете го детето да чека! Во ред е да има време во кое ќе му биде здодевно, бидејќи тоа е првиот чекор до креативноста. Избегнувајте користење на технологијата во автомобил или во ресторан, затоа што така ќе научи дека треба да почека за да игра видео игри.
Научете го детето да ги извршува своите обврски уште од мали нозе бидејќи тоа ќе го направи способно за работа во иднина
Средување на алиштата и на играчките, местење на креветот, на столот по завршување со оброкот – ова се само дел од активностите во кои би можеле да го вклучите детето. Бидете креативни. Направете го извршувањето на обврските забавно уште од самиот почеток, па детето дури и несвесно тоа ќе го перцепира како нешто позитивно.
Научете го на социјални вештини
Научете го детето да ги слуша другите, да дели, да губи и победува, да прави компромиси и да дава комплименти. Не помалку важно е да го научите кое е значењето на зборовите „те молам“ и „благодарам“.
Извор: roditelji.hr