Дури седум важни пораки за животот може да научат децата од книгата „Кралот кој го забрани мракот“ авторски потпишана од Емили Хејворт Бут. Се работи за книга која ја поттикнува храброста, бидејќи приказната што е раскажана преку неа е духовита и упатува на критички однос кон одлуките на кралот. Со самото тоа, ја нагласува важноста на граѓанската храброст која на крајот на краиштата, му помага на кралот да сфати дека грешел. Приказната е одлична за воспитување на децата како идни самосвесни граѓани.
Освен тоа, децата преку оваа сликовница може да најдат бројни пораки, важни за животот:
Ако се плашиш од мракот не грижи се, многу деца се плашат од него;
Понекогаш е тешко да се разбере дека добронамерната одлука може да биде погрешна;
Потребна ни е темнина за да може да заспиеме. Рамнотежата меѓу темнината и светлината е важна за нашето здравје;
Кралот на крајот научил да се соочи со своите стравови, да верува во себе и на своите инстинкти (не на неговите советници) и да признае дека не постапил во ред. Тој покажа способност да простува (тој не ги казнуваше луѓето што му се спротивставуваа). Тој научи да го цени мракот со претворање на негативниот став во позитивен;
Народот покажа храброст и се осмели да се побуни против желбите на кралот. Тие се бореа за она што сметаа дека е правилно и подобро за себе.
Извор: roditelji.hr