Разликата во улогите на мајката и на таткото е втемелена во биолошките и социјалните односи. Традиционалните улоги се менуваат, но сѐ уште мајките се оние кои се повклучени во грижата за децата. Улогата на таткото сепак, е голема одговорност, но и предизвик.
Присутноста на таткото (и тоа не само физичката) е важна за развојот на детето и за одржување на здравите семејни односи. Многумина сметаат дека таткото мора да биде авторитетен, но и дека со него не треба да има место за приговори или сомнежи. Таквиот татко се истакнува, тој е навидум недостапен, користи традиционални методи на воспитување (казнување и поттикнување чувства на вина кај децата), не зборува за емоциите, генерално ретко или никогаш не разговара со децата сериозно, и бега од проблемите.
Меѓутоа, улогата на таткото денес е многу поразлична од онаа во минатото. Времињата се сменети, поради што се различни и околностите во кои живееме денес и ние и нашите деца.
Успешенниот татко денес поминува време со семејството, активно учествува во воспитувањето на децата, е заинтересиран да разговара со децата, ги поддржува, е свесен за своите грешки, покажува чувства и ги споделува со своите најблиски.
Извор: prakticanzivot.com