Продолжува судењето за „Тендери“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/18 8:05 AM

Продолжува судењето за „Тендери“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

На минатото рочиште што се одржа на 14 мај во Судот беа презентирани докази од СЈО, а потоа и пишани докази на одбраната.

Извор: МИА