Справете се со несоницата спиејќи со маица на саканата личност – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 8:58 PM

Справете се со несоницата спиејќи со маица на саканата личност

Луѓето кои спијат чувствувајќи го мирисот  на саканата личност, во просек спијат околу 9 минути подолго, дури и кога таа не е физички присутна. Чувствувањето на познатиот мирис, исклучително драг за вас, може да биде клучно за квалитетен сон. Едно ново истражување покажува дека спиењето со природниот мирис на саканата личност може да го подобри сонот. Така на пример, кога во своите раце држите маица што му припаѓа на вашиот партнер, тоа може да ви донесе подобар сон.

Познавачите тврдат дека ефектот од тоа е толку силен што е еднаков на земањето суплементи за спиење. Истражувањето на оваа тема е спроведено врз основа на ставовите на 155 испитаници, кои наместо перница користеле две различни маици. На едната се чувствувал мирисот на нивниот партнер, а другата била свежо испрана. Првата маица била носена од  партнерите на испитаниците во претходните 24 часа и биле замолени во тој период да не користат дезодоранс или парфем. Потоа, овие маици биле херметички затворени за да може да се зачува мирисот.

Испитаниците од секоја маица потоа требало да спијат две ноќи по ред, но не им било кажано која од нив ја носел нивниот партнер.  Добиените податоци за квалитетот на сонот покажале дека испитаниците кога покрај себе го имале мирисот на саканата личност спиеле помирно и поцврсто. Следното утро требало да пополнат и прашалник за тоа како се наспале и како воопшто се чувствувале во текот на ноќта. Луѓето кои спиеле со мирисот на партнерот во просек спиеле околу девет минути подолго.

Истражувањето покажало дека за да го подобрите квалитетот на сонот, доволно е да спиете со мирисот на саканата личност, а ефектот ќе биде ист како да сте зеле орални суплементи, без при тоа да имате какви било нуспојави.

 

Извор: zivim.gloria.hr