Кајне Вест започна предизборна кампања со емотивен митинг – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 3:55 PM

Кајне Вест започна предизборна кампања со емотивен митинг

Раперот Кајне Вест вчера изнесе неколку контроверзни и збунувачки коментари на првиот митинг од својата претседателска кампања, а коментарите кои ги изнесе се однесуваа на америчката активистка Харијет Табман.

Додека зборување за структурите на моќ кои влијаат на Афроамериканците, Вест изјави дека без било какви докази со кои би го поткрепил своето тврдење, дека „Харијет Табман никогаш всушност не ги ослободила робовите, туку само ги натерала да работат за други бели луѓе“.

Вест, кој на-ти јули ја најави својата кандидатура за претседател на Америка на изборите кои треба да се одржат на крајот на годината, еден час беше на сцената во Чарлстон во Јужна Каролина. Носеше панцир, а на главата има избричано „2020′ година.

Вест на првиот митинг од предизборната кампања која ја нарече „роденденска забава“ говореше за тоа дека абортусот треба да остане легален избор и дека секоја жена треба да добива парична награда од државата по породувањето од еден милион долари.Без микрофон се обрати пред неколку стотици луѓе и се расплака кога почна да раскажува како татко му сакал да се откаже од него.

„Немаше да го има Канје Вест затоа што татко ми бил презафатен. Мајка ми ме спаси, зашто татко ми сакал аборус“, изјави Вест и потоа почна да вика дека за малку ја убил ќерка си.

„Речиси ја убив ќерка ми. Ким можеби ќе побара развод од мене после овој говор, но таа ја донесе Норт на овој свет иако јас не сакав“.

Во својот говор тој опфати разни теми, вклучувајќи и религија, своите бизнис планови, финансирање на училиштата, а ги критикуваше и демократските странки за кои рече дека никогаш не помогнал на црните луѓе.

Америчките медиуми известуваат дека во некои држави веќе поминал рокот во кој Вест можеше да се пријави за учество на изборите.

 

извор:rs.N1info