Бар Рафаели има проблем со законот, затајувала данок – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 3:25 PM

Бар Рафаели има проблем со законот, затајувала данок

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, Бар Рафаели е осудена на девет месеци да извршува јавно корисна работа, додека нејзината мајка Ципи мора да оди зад решетки.

Израелскиот супермодел, телевизиска водителка и актера Бар Рафаели и нејзината мајка воедно моден агент Ципи Левин, денеска на 20 јули се осудени поради затајување на данок во родниот Израел.

Израелскиот суд ја осуди Бар Рафаели по четири точки од кривичниото дело, поради затајување на данок,  а сето тоа го наруши нејзиниот углед на некогашна национална икона и амбасадорката на оваа држава.

Рафаели во судот во Тел Авив се појавила со бела маска на лицето која била во комбинација со белата блуза, а  носела и светло сини фармерки, а нејзината коса била врзана во пунџа.


Со неа биле и нејзиниот татко Рафи, мајка и Ципи и адвокатот. 35 годишната Рафаели и нејзината мајка признале дека се виновни за делото затајување на приход од околу 10 милиони долари, кои ги заработила додека работела како модел во САД.


Мајката и ќерката потпишале спогодба со тужителот за затајување на данок на основа која таа ја признала вината за да избегне затворска казна, меѓутоа нејзината маја не можела да го заобиколи затворот.

Според договорот за признавање на вината кој го потпишале со властите минатиот месец, Рафаели ќе биде во служба на јавно корисна работа во време траење од девет месеци, додека нејзината мајка Ципи е осудена на 16 месеци затвор.


Исто така тие треба да платат казна во износ од 1,5 милиони долари како заостанат данок кој и го должат на државата.

Адвокатите велат дека Рафаели сокрила над десетици милиони долари заработка од изрелската управа за данок во текот на три години, од 2009 до 2012 година односно кога живеела на релација САД – Израел и во време кога беше во сериозна врска со холивудскиот актер Леонардо Дикаприо.