Најпрестижниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот, „Златната топка’’, оваа година за првпат од 1956, односно од годината на нејзино воведување, нема да биде доделена. Организаторите на „Балон д’Oр“, францускиот весник „Франс Фудбал“, велат дека ова награда годинава ќе биде на пауза поради пандемијата на коронавирусот и незавидните околности на глобално ниво.
-За првпат од 1956 година, „Балон д’Ор“ нема да биде доделена. Наградата во 2020 година нема да биде доделена, поради условите во кои се наоѓаме. Сметам дека ваквата турбулентна година не можеме да ја гледаме како обична, бидејќи се разликува од претходните, вели Паскал Фере од „Франс Фудбал“.
Oваа награда низ годиниве, во секој случај предизвикувала огромно внимание во спортската јавност и помеѓу фудбалските фанови, во позитивна или негативна смисла. Раката на овој трофеј ја имаат ставено едни од најголемите фудбали во историјата на фудбалот, Јохан Кројф, Џорџ Веа, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Лео Меси.
Оваа сезона, според прикажаното, Лео Меси ќе беше со сигурност еден од фаворитите за освојување, но играчи како Роберт Левандовски и Кевин Де Брујн и те како ќе му претставуваа жестока конкуренција на Аргентинецот.
Највеќе „Златни топки“ има освоено Лео Меси, шест, а Кристијано Роналдо е веднаш зад него со освоени пет. Последните и актуелни освојувачи се токму Лео Меси и Меган Рапино, како најдобар женски фудбалер за изминатата година.