(ВИДЕО)И се појавила мечка додека пешачела, таа си направила селфи – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 2:20 PM

(ВИДЕО)И се појавила мечка додека пешачела, таа си направила селфи

Црна мечка им пријде на група планинари во Мексико од позади, но тие успеаја да останат мирни, додека една девојка дури успеа да направи селфи со мечката.

Настанот се случил на популарната пешачка патека во еколошкиот парк Чипинке во Сан Педро Гарза Гарсија, според лицето кое го сподели видеото.

На видеото се гледа како девојката успева да стои мирна додека мечката и’приоѓа и ја душка, а во еден момент таа стои на две нозе и се потпира на неа.

 

Зад неа, двајца други пешаци успеваат да останат мирни додека гледаат како мечката се залепи до нивната пријателка. Таа, пак, го искористи неверојатниот момент и го извади мобилниот телефон и направи селфи со мечката.

Мечката потоа полека се оддалечи, а групата брзо се собра. Шокантниот момент беше споделен на социјалните медиуми и собра повеќе од 2 милиони прегледи за помалку од два дена. На Твитер го сподели и поранешниот кошаркар во НБА, Рекс Чепман, кој беше импресиониран од сталоженоста на девојчето.

вести.мк