Кремасто задоволство : Чиз- кејк од кикиритки и чоколадо – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 2:55 PM

Кремасто задоволство : Чиз- кејк од кикиритки и чоколадо

За љубителите на путерот од кикиритки и чоколадата ова е совршено засладување.

Потребни состојки :

  • 350 г мелени бисквити
  • 125 г стопен путер
  • 1 лажичка шеќер во прав
  • 100 мл млеко

Фил:

  • 400 г несолено крем сирење
  • 200 г кисела павлака
  • 200 г путер од кикиритки
  • 150 г шеќер во прав
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 400 мл слатка павлака- 2 кремфикс

 

  • 70 г млечна чоколада
  • 30 г црна чоколада
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка:

1.За кора измешајте ги сите состојки, ставете ја смесата во калап со дијаметар од 24 цм и ставете ја во фрижидер додека го припремате филот.

2. За фил со миксер изматете го крем- сирењето, киселата павлака, шеќерот , путерот од кикиритки и ванилата.

3. Потоа, додадете  ја неизматената слатка павлака и кремфикс и матете уште малку да се се соедине и згусне.

4. Потоа, извадете ја кората од фрижидерот по неа распоредете го филот, а потоа вратете го во фрижидер да се излади и за тоа време пригответе го преливот. Доколку сакате, пред филот може да додадете и карамела на кората.

5. Истопете ја слатката павлака и чоколадата на средна температура, гответе и мешајте се додека не се истопат. Сега, ваквата смеса прелијте ја преку филот и вратете го во фрижидер на најмалку три сати.

 

 

 

Извор : still.kurir.rs