Некогашните училишта за домаќинство, можност за девојките подобро да се омажат – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 2:03 PM

Некогашните училишта за домаќинство, можност за девојките подобро да се омажат

Црпалката и книгата во Србија за прв пат се споиле низ училиштата за домаќинства кои настанале како дел од процесот на европската историја за еманципација на жената на крајот на XIX век. Србија по ослободувањето на Турците го забрза вклучувањето на модернизација во многу поими, но прашањето за женското образование останало табу тема.

Процесот на отворање училишта за домаќинство, иако бил прекинат неколку пати, донел важни промени на тој план.


Иницијативата за отворање на прво училиште за домаќинство ја покренало Здружението за чување на јавното здравје, активно од 1902 година, кога побарале можност за просветна работа. Во 1906 година основале училиште за селски домаќинки во Кнежевац близу Белград, како и во Варварин.

По Првата светска војна основањето на училиштето за домаќинство заминува под државна капа и од тогаш доаѓа до експанзија и афирмација. Од 17 септември 1920 година, кога и со уредба е официјално регулирана  нивната работа, училиштата за домаќинство се основани во исклучителен број.

„Војниците кои ја преживеале Првата светка војна се враќаа на своите имоти, куќи и семејства. Затекнувале уништени домаќинства и требало да обноват се и повторно да ја полнат со дечиња. Се враќале во лоша здравствена состојба, а ракијата како утеха не можеше да им даде сила. Потребна им беше добра храна за да ги подигне. Таа работа само жените ја можеа правилно и одговорно да ја изведат. Затоа и се основале училишта за домаќинство каде жените можеле да учат како да готват, плетат, чистат, да хранат кокошки, да везат и чуваат деца. Во градот беше потребно и уште нешто да се учи, како подготовка на колачи, послужување, отстанување на примероци од списанија. На тој начин се смирија книгата и црпалката, како тогаш, така и сега“, изјавила Марина Лукиќ Цветиќ, која по професија е историчар на уметност.

Таа вели дека квалитетот кој го негувале домаќинските училишта во скоро секој град и поголеми села ширум Србија биле: хуманост, економичност, ментално, физичко и духовно здравје на народот (за кое се верувало дека почива врз жената), ослободување од суеверија, празноверија, заблуда и конзервативен поглед на светот.

Како посебен квалитет се истакнува дека во оваа установа владеело домаќинсиот ред, бидејќи таа одлика обединувала се, била доволна гаранција за целата заедница. Се верувало дека од нивниот успех зависела семејната среќа и благодетот на човештвото.

„Жените со завршено едногодишно домаќинско училиште или само со три месечен курс биле по посакувани за мажење. Оние кои се претставувале во јавноста со својата умешност, од правење тестенини па се до рачни изработки се мажеле без злато. Преку вештините за готвење, везење, градинаство, уредување на куќата и многу други вештини со кои се стекнувале во домаќинските училишта, жените се наметнале како суверени владетели на семејниот дом. Всушност основна причина за формирање на домаќинската образова програма била добра подготовка за младите девојки за брак“, раскажува Марина.

Во организација на „Музеј на слатки – Куќа со цвеќиња“ и Народниот музеј во Краљево темата за домаќинските училишта во Србија за прв пат била интерпретирана во форма на изложба под интересен и првокативен наслов: „Мажу зошто те нема“.

Преземено од: https://www.b92.net/