Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш повика на отстранување на глобалните нееднаквости, дополнително изразени среде пандемијата од коронавирус, оценувајќи дека светот се наоѓа на пресвртна точка.
– Коронавирусот се споредува со ренген кој открива фрактури во кревкиот скелет на општествата кои ги изградивме – изјави Гутереш на годишното предавање по повод роденденот на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.
Додаде дека развиените земји биле силно посветени на сопствениот опстанок и дека „не успеале да ја испорачаат поддршката потребна поради помош на земјите во развој во ова опасно време“.
Гутереш ги критикуваше огромните нееднаквости во богатството, но и другите, поврзани со расата, полот, класата и местото на раѓање.
– Најбогатите 26 луѓе во светот имаат богатство како половина од светската популација – изјави генералниот секретар на ООН.
– Нееднаквоста започнува на врвот, во глобалните институции. Решавањето на проблемот со нееднаквоста мора да започне со нивна реформа – истакна Гутереш.
Тој понуди некои решенија, велејќи дека е потребна нова генерација на социјална заштита, вклучително и универзална здравствена заштита, а можеби и универзален основен приход.
денар.мк