Ако удреше во вратата ќе ме утепаше, вели Ѓорги Галетановски, директорот на Зоолошка, по сообраќајната несреќа вчера кај Универзална во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 1:55 PM

Ако удреше во вратата ќе ме утепаше, вели Ѓорги Галетановски, директорот на Зоолошка, по сообраќајната несреќа вчера кај Универзална во Скопје

„Другари добар сум, да не ме мислите“, меѓу другото напиша директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, по сообраќајната незгода која се случила вчера рано наутро во Скопје.

-Утринава имав сообраќајна несреќа при што пред Универзална сала од споредна улица со брзина од 90 километри на час во мене удри возило управувано од шофер во алхохолизирана состојба. Ја сочекав полицијата направи увид и отидов на клиника. Имам повреди, но за среќа добар сум. Нема да го тужам приватно дечкото, само ќе порачам возачите да внимаваат и да не возат кога пијат алхохол,бидејќи загрозуваат свој и туѓи животи, напиша Галетановски.

Тој за mm.mk рече дека нема што дополнително да каже, нема да ги коментира лагите што по социјалните мрежи се шират за него, дека тој ја предизвикал несреќата и дека имало тепачка, бидејќи, како што вели, не само поради сообраќајката, туку и  месеци наназад за други работи против него се водела хајка.

-Какво тепање, нема врска.  Среќа што го удри предниот дел на автомобилот, бидејќи ако ме удреше во врата ќе ме утепаше, додаде тој.