Застрелани синот и сопругот на судијката која пред пет дена презема случај за озлогласениот Џефри Епстин – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 1:51 PM

Застрелани синот и сопругот на судијката која пред пет дена презема случај за озлогласениот Џефри Епстин

Синот на федералната судиjка Eстер Салас е убиен, додека нејзиниот сопруг е критично повреден откако биле нападнати во својот дом од лице со пиштол облечено како возач на Федекс достава до домот.

Нападот се случил во домот на Естер Салас (51), судијка на Окружниот суд, назначена од поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во Норт Брансвик, Њу Џерзи, изминатата ноќ.

Синот на Естер, Даниел Андерл (20) починал на местото на злосторот, а нејзиниот сопруг, адвокатот Марк Андерл (63) во моментов се наоѓа во болница откако се здобил со тешки повреди по истрелите.

Овој смртоносен напад се случува само неколку дека откако федералната судијка Салас беше назначена за случај поврзан со озлогласениот сексуален предатор Џефри Епстин, но засега никој не сугерира дека овој напад е поврзан со нејзината работа.

Нападот започнал околу 5 попладне кога сопругот на Естер Салас, Марк (63), ја отворил надворешната врата од семејната куќа. Тогаш бил застрелан неколкупати.

Нејзиниот син Даниел (20), студент при Католичкиот Универзитет во Вашингтон, веднаш се упатил накај вратата по вознемирувачките звуци да види што се случува, кога и тој бил застрелан, за жал, со фатален исход.

Убиецот веднаш го напуштил местото на злосторството и се уште не е уапсен.

Синот на Салас, Даниел, бил застрелан во срцето, а нејзиниот сопруг Марк е во критична, но стабилна состојба во болницата Роберт Вуд Џонсон во Њу Брансвик. Се верува дека судијката Салас била во подрумот за време на бруталниот напад.