ФОТО: Новиот гостински дрес на Интер, одличен за играње „икс-нула“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/20 1:50 PM

ФОТО: Новиот гостински дрес на Интер, одличен за играње „икс-нула“

Клубовите во фудбалска Европа, малку подоцна од вообичаеното поради пандемијата на коронавирусот и стопирањето на сезоната, започнаа со објавување на новите играчки гарнитури за сезоната 2020/21. Италијанскиот големец Интер, во јавноста го промовираше новиот гостински дрес со бела основа, но и линии кои ја разбудија смислата за хумор на фановите ширум светот, кои уште еднаш не ја пропуштија приликата да се пошегуваат на таа сметка.

Според нив, дресот покрај неговата основна функција, погоден е и за играње друштвени игри, а „икс-нула“ е најсоодветна за таа прилика. Некои пак, дресот го споредија со кујнска крпа, изразувајќи критика кон производителот и дизјанерот.

Дали дресот на Интер за претстојната сезона е „толку лош“, или пак фановите претеретуваат, ве оставаме да процените сами: